Семеринзите се осовински прстенести заптивки со цврст надворешен дел и еластичен внатрешен дел со кој се заптиваат ротирачки елементи. За да се намали загревањето од дејството на триење кај ротирачките елементи во машинските склопови истото се извршува во присуство на разни флуиди.
За да се спречи протекувањето на флуидите во просторот меѓу ротирачката осовина и куќиштето во специјален жлеб се поставува семерингот. Функцијата на заптивање се постигнува со помош на еластичниот дел во кој е вградена и пружина.
Семерингот со својата функција на заптивање служи и како раздвојувач на различни медиуми со мала разлика на притисоци. Во случај да едната страна е изложена и непокриена, семерингот служи и за заштита од продор на нечистотија во машинскиот склоп.
Семеринзите се изведуваат во разни типови како по формата така и по материјалот, а се во функција да се задоволат различните барања.
Типови на семеринзи:
ПРЕВЗЕМИ Лагер листа
|